MK

🤔 Радост, среќа, здравје: 1. Внатрешен мир. 2. Добивање задоволство од помагањето и поддршката за другите. Односи. 12R.tv❌✅ Ви посакувам вас, јас и другите, на крајот на следната година секој од нас да каже: „2022 беше најдобрата година во мојот живот🙂👍“. Marcin Ellwart

Среќа

Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, но не е среќен ако неговите желби се остварени, а не се остварени желбите на некои луѓе (особено, на блиските).

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, најголемата можна среќа за човекот на овој свет е да живее спокојно поради својата состојба полна со смирена и сигурна надеж за некоја многу подобра иднина. Притоа, тој не треба да се вознемирува со желбата што побрзо да ја ужива замислената најубава иднина.[1]

Во својата книга „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ја вклучил и расправата со наслов „За среќата“. Во неа, тој вели дека сфаќањето на човекот за среќата е релативно, во зависност од возраста, културата или општествениот слој.[2]

Wikipedia.org:

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D1%9C%D0%B0

Здравје

Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци. Оваа дефиниција е дадена од Светската здравствена организација (СЗО) и го опишува човековото здравје во неговата сеопфатна смисла.[1][2] Иако оваа дефиниција била тема на многу контроверзности, главно заради недостатокот на практични вредности и проблемот создаден со употребата на зборот „целосна“, таа останува до сега како најистрајна.[3][4] Постојат и бројни други дефиниции за здравјето: во поопшта смисла, здравјето претставува ниво на функционална или метаболна ефикасност на еден жив организам; кај луѓето, здравјето е општата состојба на човековото тело, ум и дух, обично значејќи отсуство на болест, повреда или болка (да се биде „здрав“).[5]

Неколку класификациони системи, каков што е семејството на меѓународни класификации на СЗО, во кое спаѓаат Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми (МКБ) и Меѓународната класификација на функционирање, инвалидитет и здравје (МКФ), се често користени да се дефинираат и мерат компонентите на здравјето.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%98%D0%B5

Независност

Независноста е суверено владеење на нација, територија или држава од нејзините граѓани или популација, кои ја практикуваат Сувереноста. Терминот некогаш се користи и во блага смисла да се изрази контраст на хегемонијата, односно индиректна контрола на помоќна врз послаба нација.

Независноста може да биде почетен статус на ново-настаната нација (често пополнувајќи политичка празнина), но често претставува еманципација од претходна доминантна сила. Може да се спори околу дефиницијата дека Независноста е негативна дефиниција: состојба во која не постои надворешна контрола преку колонијализам, експанционизам или империјализам.

Независноста може да се стекне преку де-колонизација, одделување или одчленување.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82

Македонски јазик

јужнословенски јазик

Македонски јазик — јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика и УНЕСКО.

https://mk.m.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA